Малта нема да ги затвори границите за невакцинираните, но воведе посебна мерка
Објавено на 14 јули, 2021 во 09:48

Малта се откажа од одлуката да ги затвори границите за невакцинираните лица против Ковид-19, неколку часа пред таа одлука да стапи на сила и одлучи да им воведе карантин на таквите патници.
„Луѓето кои ќе дојдат на Малта и немаат потврда за вакцинација, ќе мора да одат во карантин некое време“, објави владата во Ла Валета во вторникот вечерта.
Малта во петокот објави дека од оваа среда ќе забрани влез на сите невакцинирани посетители и туристи. Европската комисија ја повика Ла Валета во понеделникот да се откаже од одлуката.
На Малта, вакцинирани се 79 проценти од возрасната популација, со две дози. Немаше случаи на инфекција во земјата на 27 јуни, но Малта забележа 96 од нив во петокот, од кои 90 проценти беа невакцинирани.
