Мицкоски: Македонскиот јазик е стандардизиран и кодифициран, не ја разбирам потребата на владата да го појаснува
„Пред овој настан баш бев во таква баш научна институција, го завршувавме семестарот и имав можност да разговарам со други научни работници и инженери, не лингвисти, луѓе кои што животот го посветиле на истражување на македонскиот јазик. Но, овие се инженери и онака со згрозување гледаат буквално на тоа што се случуваше изминатите денови. Просто на луѓето не им се верува дека некој македонски политичар може да стави потпис на таков документ како што стави оваа Влада. Посебно се потресени од едностраната изјава на Владата за значењето на македонскиот јазик. И не знам зошто е потребно македонската Влада да го појаснува македонскиот јазик, да го дополнува итн. Кога македонскиот јазик има своја јасна антропологија уште во времето на многу преродбеници во минатото и кодифициран и стандардизиран“, појасни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски при одговарање на прашање за реакциите на научните работници од лингвистиката околу изјавата на Владата за македонскиот јазик.
Мицкоски додаде дека не ја разбира потребата на Владата за да го појаснува македонскиот јазик.
„Така што шокантно е сето ова, ќе имаме многу за коригирање кога ќе ја преземеме Владата и ќе има многу за одговори кои што ќе треба овие политичари кога ќе бидат изведени на одговорност да одговорат. Така што ова ако некој мисли дека ќе се заборави и дека секоја работа ќе трае два – три дена се лажат. Ова длабоко ќе остане врежано во меморијата на секој Македонец, но и во нашата. И наша обврска е да им го поставиме вака во лице уште еднашка ова прашање кога ќе дојде денот. Сега нормално, при ова заробено судство, обвинителство, органи на прогон, тешко дека може нешто да се направи. Но, многу скоро ќе дојде тој ден кога ќе треба да дадат одговори зошто беше потребно сево ова“, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Автор: Деск