МВР: 166 санкции за брзо возење
Објавено на 17 мај, 2022 во 10:18
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.
-Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.