МВР: 170 санкционирани возачи во Скопје, 75 за брзо возење
Објавено на 8 август, 2022 во 09:54
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкција за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за возач почетник.