МВР: 226 санкции за брзо возење
Објавено на 23 март, 2022 во 10:47
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 226 возачи.
-Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 110 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место, пишува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.