МВР со апел: Лажни пораки се праќаат во име на „Безбеден град“, граѓаните да не ги отвораат

Објавено: 20 јануари, 2026, во 16:15 часот

За забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи ги информира граѓаните Министерството за внатрешни работи. Тоа се случувало во изминатиов период.

„Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок“, соопшти МВР.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.