МВР со детали за експлозијата во Чаир: Го разнеле банкоматот, но не ги зеле парите
Објавено на 6 јуни, 2023 во 10:49
Полицијата излезе со детали со експлозијата која се случи утрово во Бутел при што имаше обид за грабеж на банкомат.
Според МВР, четири лица го разнеле банкоматот.
„На 06.06.2023 во 03.38 часот е пријавено дека на подрачје на Чаир четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале“, велат од полицијата.
Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.
Дума.мк