МЗ: Вчера вакцинирани 13 493 или досега вкупно 763 965 граѓани
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763 965 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13 493 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1 411 735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647 769 граѓани, соопшти Министерството за здравство.
Со последните бројки, како што се посочува, 55 отсто од населението над 40 години имаат примено една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 – годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител. Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, стои во соопштението.