На ГП „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу 30 минути
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути. На ГП „Табановце“ за влез во државата се чека околу 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.