Најавено отворањето на киното во Велес

Објавено на 17 септември, 2021 во 15:02

Скопската компанија,што ја набави и инсталираше опремата, деновиве врши проверка на дигиталната опрема во кино салата „Бели Мугри“.  Се врши и дообука на лицето кое теба да работи со софистицираната кино апаратура додека Општина Велес е во преговори со Агенцијата за филм за ставање на располагање на поголем број филмови од македонската филмска продукција. Оваа информација ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој е уверен дека наскоро велешани ќе гледаат филмови на големо платно.

За почеток на работата на велешкото кино планирани се по две филмски проекции три пати во неделата. Во услови на пандемија на ковид -19 граѓаните ќе биде потребно да покажат сертификат дека се вакцинирани или потврда за прележан  ковид.

Општината пред скоро една година ја набави опремата, пакет за дигитално кино DCP со  проектор, екран за кино прикажување со вкупна површина од 27,54 м², сараунд систем за озвучување, што заедно со градежни и занаетчиски работи за прилагодување на салата и бината чинат 76.430 евра.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.