Настап на хорот и на оркестарот на „Танец“ на градски плоштад во Кавадарци

Објавено на 29 јуни, 2021 во 14:11

Ансамблот „Танец“ повеќе од седум децении е симбол на македонската култура и уметност, е амбасадор на македонското музичко-сценско фолклорно творештво и е подвижен музеј на нашата духовна култура низ светот.

Формиран е на 24 март 1949 година со основна цел да го собира, негува и уметнички да го надградува македонското фолклорно богатство – ората, песните, инструментите, обичаите и носиите, како и музичко-сценски соодветно да ги претставува во земјата и надвор од неа.

Концертот на хорот и на оркестарот “Танец“ бќе се одржи во четврток на 1 јули, годинава, со почеток во 20 часот.

Организатор на концертот е Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци со подршка на Општина Кавадарци. Концертот ќе се оддржи според пропишаните протоколи за оддржување концерти во време на пандемија на COVID – 19.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.