Никој не се пријавил за гласање во Охрид на претстојните парламентарни избори во Бугарија

Објавено на 23 март, 2023 во 15:47

Ниту еден бугарски државјанин не се пријавил за гласање во Охрид на парламентарните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април. Според списоците на пријавени објавени на веб страницата на бугарското Министерство за надворешни работи, од вкупно предвидените седум градови, во Македонија ќе се гласа во шест: Скопје, Битола, Кавадарци, Прилеп, Струмица и Тетово, додека во Охрид гласање нема да има, бидејќи не се пријавил никој, објави Охрид њуз.

Најмногу гласачи има во Кавадарци – 42, Прилеп 41, Тетово 40, Струмица 22, Скопје 15, Битола 9, или вкупно 169.

На пописот спроведен во Македонија во 2021 година, како Бугари се изјасниле 3504 лица.

На петтите по ред парламентарни извори во Бугарија во последните две години, во странство ќе гласаат 47 389 лица, од кои најголем дел во Турција – 28 286

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.