Нивото на водата на Охридското Езеро далеку под просекот за март

Објавено на 21 март, 2023 во 14:37

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата од 693,25 метри надморска височина, што е за 24 сантиметри пониско од просекот за март, покажуваат мерењата  направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во поглед на неделната анализа благодарение на врнежите од дожд водостојот на Охридското Езеро порасна за четири сантиметри.

Температурата на водата е осум степени Целзиусови, што е во рамки на просекот кој изнесува 7,8 степени. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.