Нов Зеланд им овозможи на младите од 12 до 15 години да се вакцинираат
Нов Зеланд ќе им овозможи на младите луѓе на возраст од 12 до 15 години да се вакцинираат против коронавирус, објави денеска владата.
Досега, вакцината беше достапна само за луѓе на возраст над 16 години, но владата донесе нова одлука среде строгиот карантин, откако беше откриен еден локален случај на инфекција со коронавирус, по шест месеци.
Премиерката Џасинда Ардерн рече дека се регистрирани 11 нови инфекции, со што вкупниот број на заразени се искачи на 21. Епидемијата е поврзана со патник кој се вратил од Сиднеј претходно овој месец, рече таа.
Владата во вторникот објави тридневно затворање на земјата, а во Окленд, каде што е регистриран новиот случај на инфекција, затворањето ќе трае една недела, како и во Короманд.
Нов Зеланд користи само вакцина Pfizer за да ја имунизира својата популација од коронавиру.