Нови 141 случај на коронавирус

Објавено на 14 септември, 2022 во 14:54

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.

Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од: Скопје – 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Направени се 866 тестови: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-9, Авицена-19, Биотек-13, Систина-29, лабораторија Лаор-8, Синлаб-22, Ремедика-10, Плодност-2, Генеа-5, Никоб Лаб-26, ВФВ Медикал-6, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 312.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.