Нови правила за влез во Бугарија
Објавено на 1 јули, 2021 во 11:00
-Земјите на ЕУ ќе бидат поделени во неколку зони – црвена, портокалова и зелена. Луѓето кои се наоѓаат во зелената зона ќе влегуваат без посебни мерки, за оние кои се портокаловата зона ќе има построг режим, на некои од овие лица ќе им се направат дополнителни тестови по случаен избор . И на оние што се во црвената зона нема да им биде дозволен влез во земјата, кажа бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров.
Одлуката во која зона ќе паднат земјите ќе се донесе врз основа на бројот на пациенти и процентот на позитивни тестови. Списокот на земји ќе се ажурира еднаш неделно.