Од 16 јуни се укинува полицискиот час, повеќе гости на свадбите и организација на концерти

Објавено на 14 јуни, 2021 во 13:28
Велес

Главниот координативен кризен штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, почнувајќи од 16 јуни 2021 година и ги предлага на конечно усвојување на утрешната владина седница:

– Укинување на ограничувањето на движењето

– Сите настани кои ќе се организираат на отворено, може да се организираат со капацитет до 1000 лица и искористување на просторот до 50%

– Се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите.

За препораките Владата ќе дискутира и одлучи на следната владина седница.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.