Од попладне локален пороен дожд, се зголемува водостојот на Вардар во горен тек
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, од денес до четврток, во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, на моменти може да биде доста интензивен, придружуван со грмежи, засилен ветер и локална појава на град ,соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и за кратко време да наврнат поголеми количини на дожд и можност да предизвикаат зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците како и можни локални излевања.
„Водостојот на река Вардар, во горниот дел од нејзиното течение, доста е вискок но сеуште под границата на излеавње, предупредуваме на внимателност во тој дел од земјата поточно Тетовско-Гостиварскиот дел и Полошката Котлина. Исто така, доколку врнежите бидат од пороен карактер и просторно бидат сконцентрирани во градските урбани средини, можна е локална и изолирана појава на одредени проблеми во население места, како и појави на одрони и свлечишта во одредени делови на земјата. Препорачуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови“,соопштија од Центар за управување со кризи.
Дума.мк