ОН: Штетата од земјотресот во Турција ќе надмине 100 милијарди долари
Објавено на 7 март, 2023 во 16:17
Штетата предизвикана од разорниот земјотрес во Турција на 6 февруари ќе надмине 100 милијарди долари, соопшти денеска Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Претставникот на УНДП, Луиза Винтон, преку видео врска од Газиантеп рече дека „од претходните пресметки презентирани од владата и поддржани од меѓународните партнери е јасно дека штетата би можела да надмине 100 милијарди долари“.
Таа рече дека оваа прелиминарна бројка се користи како основа за донаторската конференција за собирање средства за жртвите од земјотресот во Турција и Сирија во Брисел, која е планирана за 16 март, пренесува „Ројтерс“.
Дума.мк