Опаѓа бројот на основци и средношколци

Објавено на 16 мај, 2023 во 09:41

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 184 910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69 378, што претставува намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.

Колку за споредба, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците во редовните основни училишта е 186.649, што претставува намалување за 0,5% во споредба со претходната учебна година. Истовремено, бројот на учениците во редовните средни училишта на почетокот на учебната 2021/2022 година е 71.018, што претставува намалување за 1,1% во споредба со претходната учебна година.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.