Патниот правец Пробиштип – Лесново затворен за секаков вид сообраќај од 11 до 17 часот
На патниот правец 2251 Пробиштип-Лесново од 31.05.2022 ќе бидат изведувани градежни работи (асфалтирање) така што истиот ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај во периодот од 11-17 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози.
Авто Мото Сојуз на Македонија препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.