Пендаровски: Како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите и очекувам реципрочна мерка
Објавено на 25 февруари, 2022 во 10:15
Немам никакви комуникации со рускиот амбасадор, а веројатно нема ни владата, но бидејќи како членка на НАТО се приклучивме кон санкциите и очекувам реципрочна мерка, вели шефот на државата Стево Пендаровски за Утрински брифинг.
Пендаровски потсетува дека според разузнавачки информации, предупредувањата дека Путин ќе влезе во Украина се од пред пет месеци.
Во политичкиот дел исто така очекувам мерки, бидејќи односите не ни се добри веќе две години. Во однос на безбедносните консеквенци ако Путин ја освои Украина, на Западен Балкан најранливата точка е Бања Лука, вели претседатеот Пендаровски.