Пет нови субвенционирани летови со Визер и Луфтханза од аеродромот во Скопје

Објавено на 17 април, 2023 во 10:26

Авиокомпанијата „Визер“ ќе воведе четири нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје од 1 ноември и ќе ги има три пати неделно. Компанијата „Визер“ ќе добие субвенции за летовите до Љубљана, Штутгарт, Луксембург и Салцбург.

Од 23 април, пак, авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе лета за Франкфурт десет пати во неделата.

Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје. Договорите со авиокомпаниите ќе биде на три години, за што од буџетот се предвидени 5 милиони евра.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.