Петок,8 Септември, неработен ден за сите граѓани
Објавено на 5 септември, 2023 во 15:30

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ, 8 Септември 2023 година (петок), Денот на независноста е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните во Република Северна Македонија им го честита Денот на независноста.
Дума.мк
