Петровска: Нашите војнички и војници се секогаш онаму каде што е потребно

Објавено: 18 мај, 2022, во 13:00 часот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ги посети припадниците на Армија на Република Северна Македонија распоредени на јужната граница и во сместувачкиот капацитет во Богданци.

-Нашите војнички и војници се секогаш онаму каде што е потребно, секогаш во служба на безбедноста и сигурноста на граѓаните. Нивниот професионализам и врвна обученост беа пресудни за успешното справување со бројни предизвици, вклучително и со мигрантската криза. Токму затоа уживаат најголема доверба кај граѓаните, напиша на својот профили министерката.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.