По студеното и магловито утро следи потопло попладне
Објавено: 24 ноември, 2025, во 08:52 часот
Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од јужен правец, наместа засилен особено во западните делови.
Утринската температура ќе се движи во интервал од минус три до три Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од четири до 15 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен ветер кој претежно ќе дува од јужен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 13 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, па сè до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Дума.мк


