Почина поранешниот министер за животна средина Марјан Додовски

Објавено на 3 јануари, 2022 во 17:40

Почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и просторно планирање од 1998 до 2002 година, оваа вест ја соопшти неговата поранешна сопруга, Иванка Василевск. Taa соопшти дека тој починал во болница.

-Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски. Марјан беше голем и посветен борец за Македонија, прв министер за животна средина и просторно планирање на ВМРО-ДПМНЕ, во својата плодна кариера извршуваше бројни партиски и државни функции но, пред се и најважно од се тој беше татко на мојата, на нашата Марија Додовска. Не остави во голема жалост, а Македонија изгуби голем човек. Марјан почивај во мир!, напиша Василевска.

Додовски беше поранешен министер за животна средина, а последната функција што ја извршуваше како кадар на ВМРО-ДПМНЕ беше директор на загубарот „Еурокомпозит“ до 2017.

Од 2005 година е член на Советот на град Скопје, а пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година. Во октомври 2009 година е избран за претседател на ВМРО-НП, а од февруари 2012 година преминува во ВМРО-ДПМНЕ. Неговото враќање во ВМРО-ДПМНЕ имаше статус на политички скандал во јавноста во тој период.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.