Почина сопственик на куќа која изгоре во Куманово

Таткото починал, а двајца синови се повредени, гаснејќи го пожарот кој вчера попладне ја зафатил нивната куќа на улицата „Сава Ковачевиќ“ во Куманово. Пожарот избувнал околу 17 часот, а изгаснат е околу 19 часот.
„Во 16.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ“ настанал пожар во куќа сопственост на Ј.М.(69) од Куманово. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починал. Со повреди се здобиле и неговите синови М.М.(33) и Р.М.(44), кои биле пренесени во болницата во Куманово за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијаланата противпожарна единица Куманово. Увидот е во тек“, соопшти СВР Куманово.
И Противпожарната единица потврди дека во текот на вчерашниот ден интервенирале на запалена куќа на ул. „Сава Ковачевиќ“ со едно возило и четири пожарникари. Причината за пожарот како и матерјалната штета дополнително ќе се утврдува.
Дума.мк
