Полицијата доби нови 40 етилометри – со новата опрема ќе се зголеми безбедноста на патиштата

Објавено на 22 јули, 2021 во 09:40

Министерството за внатрешни работи набави нови 40 етилометри, познати уште и како дрегери, кои ќе бидат предадени на сообраќајната полиција за санкционирање на возачите што управуваат возила под дејство на алкохол. По неодамнешната набавка на 50 модерни, технички високо-софистицирани радарски уреди, Министерство за внатрешни работи  продолжува со опремувањето на сообраќајната полиција со цел уште поголемa безбедност на патиштата.

-Токму возачите кои управуваат возило под дејство на алкохол се причинители на голем број тешки сообраќајни незгоди и затоа нивното санкционирање е еден од приоритетите на сообраќајната полиција. Сега сообраќајната полиција има 145 етилометри, за разлика од само осум етилометри во 2017 година.

Постојаното вложување во сообраќајната полиција и професионалното работење на полициските службеници придонесуваат за континуирано намалување на бројот на жртви во сообраќајни незгоди. Со новата опрема дополнително ја зголемуваме безбедноста на патиштата, а и во наредниот период продолжуваме со сите потребни набавки за да обезбедиме максимални услови за сообраќајната полиција, стои во соопштението на МВР.

Од 2017 година бројот на жртви континуирано се намалува, а 2020 година е година со најмал број на жртви, од МВР велат дека ова е резултат на посветеноста за создавање на безбедни средини за граѓаните.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.