Полициски службеници казниле 469 граѓани кои не носеле маска
Објавено: 17 мај, 2021, во 12:29 часот
Во текот на изминатото деноноќие, на територија на Република Северна Македонија, регистрирани се 469 граѓани кои не носеле маска. Додека 16 граѓани не ја почитувале забраната за движење за време на полициски час, кој трае од полноќ до 04:00 часот, соопшти Министерство за внатрешни работи.
Тие апелираат до сите граѓани да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на корона вирусот.
