Владеачката коалиција на митинг во Кочани!
Објавено на 5 март, 2013 во 22:04
„Не се менува името на земјата“ му порача од централниот митинг на владејачката коалиција во Кочани, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Како што рече, токму Црвековски, го сменил името на земјата во ФИРОМ, во 1995 година.
Груевски го именуваше Црвенковски како „ гркот Зорбас“.
Партијата на митингот го промовираше кандидатот за градоначалник за Кочани, Ратко Димитровски, кој е актуелен градоначалник на општината.
Димитровски вети дека во Кочани ќе реализира нови 136 проекти, меѓу кои ски – центарот Пониква како и изградбата на браната Речани.
Иван Иванов е носител на советничката листа со кандидати на ВМРО ДПМНЕ во Кочани.
На митингот говореа и лидерите на коалицијата./А.Д