ВМРО ДПМНЕ и СДСМ со заедничка листа во Струга!

Објавено на 9 март, 2013 во 20:18

Управниот суд го поништи решението на Општинската изборна комисија во Струга која синоќа ја одби заедничка советничка листа на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Струга.

Со ова двете партии сепак заеднички ќе настапат на локалните избори во Струга на 24. март.

Стружани коментираат дека ова е историска победа за градот, а вистинска нервоза настапи синоќа во градот откако ДИК дозволи, но Општинската изборна комисија не ја прифати заедничката листа со советници на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

За претседателот на ОО на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски ова значи дека Македонците во Струга заедно одат на избори во овој град.

„Одлуката на Управниот суд значи дека се исправи неправдата на Општинската изборна комисија кога се згазија законите и изборниот законик. Задоволството од одлуката на Управен суд е не само голема меѓу партиското членство туку и помеѓу граѓаните на Струга, не само во македонскиот избирачки кампус туку и кај другите етнички заедници“ рече за А1 Чушкоски.Она на што ќе се работи во наредниот период е работа на терен и формирање на заеднички изборни штабови додаде Чушкоски.

За Чушкоски изјавата на сегашниот градоначалник на Струга и претседател на Изборниот штаб на ДУИ во Струга, Рамиз Мерко дека делувала вознемирувачка заедничката листа меѓу македонските партии била некоректна.

-Мерко треба да е свесен и за настапите негови во албанските средини како што се Корошишта, Делогожда и за реториката со која настапуваше.Тој е човек кој најмалку треба да го коментира овој договор. Кога во Кичево, Мендух Тачи му даде подршка на кандидатот на ДУИ тој не реагираше.Овој договор не значи поделба по етничка линија, и затоа нема право да реагира.Ние коалицирањето не го направивиме по етничка основа, туку затоа што Струга тоне токму поради Мерко“ рече Чушкоски.

Извор: А1 он

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.