По етничка основа се подели Државната изборна комисија!

Објавено на 10 март, 2013 во 16:46

И Бедредин Ибраими, член на ДИК предложен од ДПА, денеска ја напушти работата на комисијата.

Тоа го стори откако ја нарече ,,изборен атентат,, одлуката на Управниот суд да им дозволи на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ со заеднички листи за советници, во Струга и Кичево, да учествуваат на изборите на 24 март.

По напуштањето на работата на ДИК, во петокот, од страна на потпретседателот Субхи Јакупи предложен од ДУИ, Бедредин Ибраими е втор член без кој останува комисијата.

Ибраими апелираше до правниците да ја осудат одлуката на Управниот суд, судскиот совет да ги разреши судии што ја донеле пресудата, а домашните и меѓународни набљудувачи да го нотираат овој, како што го нарече, непримерен скандал.

На денешната седница на ДИК не беше прифатен предлогот на претседателот Кондарко да се стави на дневен ред и точка за разрешување на претседателот на општинската изборна комисија во Шуто Оризари, бидејќи дал законски пет часа за исправка на листата на СДСМ за некој од кандидатите што немал потврда за неосудуваност, но во неразумно време.

Партијата на овие избори ќе нема своја листа за советници во Шуто Оризари./Б.Н.Т

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License