Груевски:Дојде време да падне кланот Заеви!
„Дојде време да се симне од власт кланот Заеви“, порача вечерва од митингот на ВМРО ДПМНЕ во Струмица, претседателот Никола Груевски.
Говорејќи дека неговата партија не предлага криминалци кои чекаат аболиција тој рече дека не предлагаат луѓе кои велат да ја свиткаме кичмата и да предадеме се за што се борел народот.
„ Такви луѓе не и требаат ни на Македонија ниту на Струмица. Ние изминатиов период немавме во Струмица човек со кој можеме да соработуваме, но направивме овде многу работи. Ветивме дека ќе донесеме компанија, ја донесовме Агрокор која изгради агроберза, таа работи, ги откупува производите од земјоделците. Ќе продолжиме да работиме и да носиме и други. Во Струмица многу луѓе живеат од земјоделието. Даваме историски гледано и неспоредливо со СДСМ-135 милиони евра поддршка за земјоделците, тоа го немало никогаш – рече Груевски.
На митингот беше промовиран кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев како и кандидатите за советот на општина Струмица./А.Д