Ад хок комисијата не се договори во рокот што си го зададе!?

Објавено на 24 август, 2013 во 07:13

Истече, синоќа, рокот во кој ад хок комисијата за расветлување на настаните на 24 декември требаше да ги расветли и да донесе одлука. Но, тоа не се случи. Нема одлука и потпишан документ бидејќи за некои прашања не е постигнат концензус рече претседателот во оставка, Борче Давитковски.

И покрај многу напори, останаа неколку отворени прашања. Сега се отворени сите опции, се надевам дека ќе најдеме сили да ја решиме оваа работа. Средба со лидерите на партиите најверојатно ќе нема, ќе се обидеме во полн состав на комисијата да ги решиме спорните прашања,  изјави Давитковски.

Како што пренесе А1.он проблем се дијаметрално спротивставените ставови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за исфрлањето на новинарите од собраниската сала. Според ВМРО-ДПМНЕ со тоа, не биле прекршени нивните уставни права, а СДСМ инсистира дека со исфрлањето на новинарите е повреден Уставот.

Претходно бил усогласен ставот дека исфрлањето на пратениците од Собранието бил прекршен Уставот.

Ад хок комисијата се очекува денеска да продолжи со работа иако го проби рокот кој што си го зададе, петок 23 август.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.