Опозицијата се враќа во Собранието
Пратениците на опозициската коалиција, по 15 месечниот бојкот, денеска треба да се вратат во Собранието на Македонија.
Враќањето во парламентот на пратениците од СДСМ и од коалиционите партнери е дел од договорот од Пржино за решавање на политичката криза во земјата.
„СДСМ со ништо нема да го прекрши постигнатиот договор. Нема да бидеме алиби за непочитување на договореното“, изјави портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, кој додаде дека ако, според договорот, не се избере специјалниот обвинител, социјалдемократите ќе продолжат со објавувањето на таканаречените „бомби“.
Претседателот на парламентот Трајко Велјановски пак оцени дека сите политичари имаат обврска пред народот да си подадат рака на единство.
„Да покажеме дека претставниците на народот промовираат единство и дијалог, а не конфликти и расправии“, рече тој.
Извор: радио Слободна Европа