Поповски: Во наредните три дена топлотниот бран ќе го постигне максимумот, потоа освежување!

„Топлиот бран од Африка во Македонија засилува на интензитет. Најголемиот интензитет ќе биде од утре, среда 25 јуни до петок 27 јуни. Во овие денови температурите ќе бидат највисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 39/40 степени.
УВ индексот ќе има екстремно висока вредност 9.
Токму поради ова, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.
Времето во овие денови ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Освежување следува во петок, попладне и навечер, кога локално ќе има развој на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на невреме. За време на викендот ќе дува засилен ветер од северен правец а температурите ќе бидат пониски и попријатни, соопшти метео прогнозерот Славчо Поповски.
Дума.мк
