Пороен дожд и грмежи во текот на утрешниот ден

Објавено на 30 август, 2024 во 12:34

Во текот на утрешниот ден нѐ очекува сончево со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи од недела следува период на претежно стабилно време, освен во планинските подрачја каде што ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст и ќе бидат во интервал од 32 до 35 степени.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.