Поскапуваат Евросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство од полноќ

Објавено на 29 мај, 2023 во 18:21

Од полноќ за половина денар поскапуваат еуросупер БС-98 и екстра лесното масло за домаќинство. Цената на еуросупер БС-95 и еуродизелот останува непроменета.

Согласно денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 83 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 68 денари за литар. Цената на еуросупер БС-95 останува 80,5 денари за литар и на дизелот 69 денари за литар. 

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,742 ден/кг и сега ќе изнесува 40,175 ден/кг.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,145 проценти. 

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.