Пожарите ја земаа првата жртва, жена настрада во Челопек
Објавено на 5 август, 2021 во 15:14

Безживотно тело на 59 годишна жена е пронајдено во опожарена куќа во Челопек. Телото го пронашле припадници на противпожарните служби кои интервенирале на теренот.
Ова е прва жртва во големите пожари кои неделава зафатија повќе делови од нашата земја.
Владата на денешната 95-та седница донесе Одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија во траење од 30 дена.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и месното население.
Фото: АлсатМ
