Православен календар: Денес се празнува Преподобен Ефтимиј Новиот

Објавено на 28 октомври, 2021 во 10:03

Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија.

Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски манастир.

Се упокои на Свештениот остров близу Света Гора, кон крајот на 9 век. Неговите свети и чудотворни мошти почиваат во Солун.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License