Православен календар: Денеска е Преподобен Тимотеј
Објавено на 5 март, 2024 во 08:13
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/sveti-timotej-108111.jpg)
Пустиник на местото наречено Символи, на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и сè до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А бидејќи на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, му даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа, Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795 година.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)