Преговори за чартер линијата Букурешт – Охрид на саемот за туризам во Берлин
Македонскиот туристички сектор трет ден е дел од ИТБ Берлин, со фокус на одржливост на дестинациите, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ),пишува Охрид њус.
ИТБ Берлин е повеќе од успешен, се започна со преговори за чартер линијата Букурешт – Охрид, состаноци со туроператорот ТУИ кој изразија подготвеност за поставување на трета дестинација за 2024 година од која ќе оперираат со чартери, зголемувајки го бројот на туристи. Се реализираа средби со полски туроператори за зголемување на портфолиото на програми од Северна Македонија со вклучени нови атракции и кружни патувања за седум дена во нашата дестинација, информираат од АППТ.
Додаваат дека биле реализирани и разговори со БиБиСи кои понудиле одлични услови за соработка и визуелизација на македонските туристички потенцијали преку нивните канали на комуникација.
Остварени се и преговори со туроператори од Чешката Република за посета на зимските центри и Охрид во сезона 2023/2024, додаваат од АППТ.
Македонскиот изложбен простор, исто така, бил посетен од македонскиот амбасадор во Берлин, Васко Грков.
Највлијателниот и најголемиот саем за туризам во светот после тригодишна пауза е со изменет концепт во траење од три дена, концентрирани на B2B средби, чии договори треба да дадат силно влијаниие туризмот во 2023 година, за да ги постигне резултатите од 2019 година, потенцираат од АППТ.
Дума.мк