Прекинат бојкотот, возовите вратени во колосек
Објавено на 11 март, 2022 во 14:46
Машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт” го прекина бојкотот откако имаат добиено договор од раководството на компанијата дека во понеделник ќе им се исплати надомесетокот за материјалните трошоци.
-Железничкиот сообраќај веќе не е во прекин. Го прифативме договорот надоместокот за материјални трошоци да ни биде исплатен во понеделник, изјави претставникот на машинскиот персонал, Душко Чакаровски.