Промени за влез во Бугарија, еве кои се новите услови
Објавено на 4 јануари, 2022 во 15:10
Здравствените власти ги менуваат правилата за влез во Бугарија за лицата кои доаѓаат од земји кои спаѓаат во т.н „Црвена зона“ на ковид-мапата. Освен потврда за вакцинација или прележана болест, треба да приложат и негативен резултат од ПЦР тест направен до 72 часа пред да влезат во Бугарија.
Во спротивно ќе бидат подложени на 10-дневен карантин. Ова го соопштија од Министерството за здравство и прецизираа дека за таа цел ќе се ажурира наредбата на претходниот министер, пишува Стандард.
По консултации со раководствата на стручните совети за епидемиологија, заразни болести и вирусологија, одлучено е да продолжи активното следење на епидемиската состојба, со оглед на распространетоста на омикрон сојот.