Променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди
Објавено на 9 март, 2023 во 08:53

Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, а во западните делови значително облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди. Утре попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер.
Локален дожд ќе има и во сабота. Во недела ќе дува засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата.
Дума.мк
