Променливо облачно и студено со сончеви периоди
Објавено на 2 март, 2022 во 09:39
Денеска времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Утре ќе се задржи стабилно и суво време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во сабота.