Променливо облачно и студено време
Објавено: 8 март, 2022, во 09:39 часот
Времето денеска променливо облачно и студено со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадрието повремено засилен ветер од северен правец.
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.


