Променливо облачно и топло, максимална температура до 17 степени
Објавено на 26 февруари, 2024 во 09:21
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/02/Velescentar-1.png)
Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло, претежно во западните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната ќе достигне и до 17 степени.
До среда времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со умерен до краткотрајно засилен ветер од јужен правец. Во ноќта кон четврток ќе започнат врнежи од дожд кои во четврток се очекуваат да бидат наместа пообилни и проследени со засилен јужен ветер. Врнежите ќе продолжат и во петок.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)