Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Објавено на 10 ноември, 2023 во 09:10

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд особено од средината на денот и најпрвин во западните делови од земјата каде што повремен дожд ќе има и во ноќните часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од два до десет степени, а максималната ќе достигне 16.

Утре и во сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец. Во почетокот на следната седмица ќе има преодно стабилизирање на времето.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.